![rabotnici](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/rabotnici.jpg?resize=696%2C390&ssl=1)
Приведени се десет лица, меѓу кои и државјани на Србија, Хрватска, Црна Гора и БиХ, јавуваат локалните медиуми. Според медиумските извештаи, осомничените носеле и вработувале луѓе „на црно“, најмногу на германски градилишта. На акцијата и претходела опсежна истрага, спроведена во тајност.
Портпаролот на царината соопшти дека се уапсени тројца српски државјани, тројца Хрвати, еден државјанин на БиХ, еден Германец и еден Црногорец.
Во претресените објекти, освен телефони и компјутери, пронајдено е оружје и околу 75.000 евра.
Групата се сомничи дека со организирање работење „на црно“ проневерила околу 10,4 милиони евра.
Германската царина пристапила и до одредени банкарски сметки и запленила три скапи автомобили.
Оваа акција продолжува, бидејќи постои сомнеж дека се вмешани 34 лица. Од германската царина изјавија и дека осомничените биле координирани и организирани и дека добро ги прикривале криминалните дела.