Во Германија веќе 58 жртви од невремето, десетици исчезнати и евакуации во Европа

The village of Schuld in the district of Ahrweiler is destroyed after heavy flooding of the river Ahr, in Schuld, Germany, 15 July 2021. Large parts of Western Germany were hit by heavy, continuous rain in the night to 15 July, resulting in local flash floods that destroyed buildings and swept away cars EPA/SASCHA STEINBACH

Бројот на жртвите во големите поплави кои ја зафатија западна Германија се искачи во четвртокот вечерта се искачи на 58 луѓе, уште шест жртви досега се потврдени во Белгија, а тешко се погодени и Холандија и Луксембург.

Разорните поплави се слулчија откако надојдените реки ги пробија своите корита по непрестајните дождови изминатите два дена.

Во четвртокот вечерта министерството за внатрешни работи на германската сојузна покраин Рајнска област-Пфалц соопшти дека се откриени уште девет тела на жртви, со што вкупно бројот на смртни настраданите во стихијата се искачи на 58 луѓе.

„Поаѓаме од фактот дека успеавме да ископаме уште деве загинати“, го цитира јавната телевизија SWR покраинскиот министер за внатрешни работи, Роџер Левентц.

Претходно телевизијаа N24 објави за 49 загинати во двете најпогодени сојузни покраини Рајнска област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија. Неколку десетици лица сѐ уште се водат како исчезнати.

Патниот сообраќај сѐ уште е во прекин во некои населени области поради поплавените патишта и уништените мостови. Во пет региони на Северна Рајна-Вестфалија, каде се сприведува и евакуација на населението пораи опасност од попуштање на браните и насипите. Во градот Трир, по излевањето на локалната река, биле извлечени околу 350 луѓе.

Во округот Рајн-Ерфт е прогласена вонредна состојба поради закана од натамошни поплави. Покрај службите за вонредни состојби во полн состав, во спасувачките операции се вклучени и припадници на германската војска. Вонредна состојба е прогласен и во округот Шулд беи Аденау, во планинскиот регион Ајфел на границите со Белгија и Луксебург.

Во Германија обемните дождови започнаа во понеделникот, предизвикани од циклонот Бернд, кој го зафати регионот на западна Европа. Главниот удар на стихијата е на западните и југозападниет региони, каде што реките, вклучително и најголемата Рајна и нејзините притоки Aр и Мос, како и помалите реко Зауерм, Прум, Нимск, Кил и Ерфт, се излеаја од своите од своите корита и ги поплавија улиците на градовите.

Истовремено властите соопштија дека повеќе од 150.000 луѓе во западна Германија останаа без снабдување со електрична енергија поради големите поплави, соопшти во четвртокот енергетскиот концерн E-on.

„Според процените, во западниот дел од земјата, околу 165.000 потрошувачи во моментов се без електрична енергија. Некои од дистрибутивните трафостаници и електрични водови се оштетени од стихијата, а некои беа намерно исклучени од системот“, се наведува во соопштението на E-on.

Во Белгија, каде што се пријавени шест жртви во поплавите, најтешко е погодена франкофонскиот регион Валонија, на југот и истокот на земјата, како и делови од регионот Фландрија.

Во Лиеж, кој леже на реката Мас, се очекува натамошен раст на нивото на водостојот за уште метар ипол, Поради тоа властите ги повикаа во 15 часот да го напуштат градот. Ситуацијата е критична во цела Валонија, особено во градовите кои лежат на реката Мас и нејзините притоки.

Вечерта во четвртокот и властите на холандскиот град Маастрихт ги повикаа жителите на два округа да ги напуштат своите домови, поради очекуваното излевање на бреговите на реката Мас/Меза, соопшти јавниот телевизиски сервис NOS.

„Жителите мора да ги напуштат своите домови што е можно побрзо. Мора да побараат засолниште кај своите семејства, пријатели или блиси во областите надвор од опасната зона“, се наведува во соопштението и се препорачува дека доколку не можат да најдат такво блиско засолнување да се упатат кон прифатните центри кои ги организирале локалните власти.

Како што се очекува, реката Мас ќе се излие од своето корито ноќта во четвртокот кон петокот.

https://www.reuters.com/business/environment/thirty-missing-germany-house-collapses-heavy-rain-media-2021-07-15/