Во Германија забранета салафистичка исламистичка организација

Властите на германската престолнина ја забрани салафистичката исламистичка групација Џама’ату Берлин, откако се извршени претреси во просториите на оваа организација на подрачјето на сојузните покраини Берлин и Бранденбург.

„Со денешната одлука на организацијата Џама’ату Берлин, којашто некогаше се нарекуваше Таухид Берлин, ѝ е забранета секоја активности“, соопшти берлинскиот сенат за внатрешни работи.

Истовремено е запленет е имот на забранетата органанизацика, а рацијата во којашто учествувале над 850 полицајци, послужила меѓу другито и за осигурување на на доказен материјал.

Според објаснувањето на берлинскиот сенат за внатрешни работи, организацујата Џамаату Берлин делувала против уставниот поредок на Сојузна Република Германија и против мирот меѓу нарoдите.

„Организацијате поддржувала вооружен џихади и атитентати насочени против цивили и го пропагирала култот на мачениците што го зголемувало подготвеност на самоубиствени напади меѓу следбениците“, се истакнува во соопштението.

На Џама’ату Берлин, исто така, активно ги помагала и активностите на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, и во повеќе наврати се залагала за убивање Евреи.

„Џама’ату Берлин е едно многу млада и многу радикална џихадитичка организација“, соопшти берлинскиот сенатор за внатрешни работи Андреас Гејсел. Додаде дека забраната е „јасен сигнал“ и другите верски фанатици.

Пример за денеска забранетата организација била уште 2017 година забранетата група Фусилет 33 во којашто дејствувал и Анис Амри, атентаторот на божикниот саем во Берлин во 2016 година.