Во Германија започнува судењето на осомничените членови на Исламската држава

Во вторникот во Дизелдорф почна судењето на седуммина осомничени членови на ултрарадикалната сунтиска џихадистичка организација Исламска држава, обвинети, меѓу другото, и за планирање терористички напади во Германија.

„По почетокот на војната во Украина, седуммината обвинети пристигнаа во Германија, каде основаа терористичка ќелија под покровителство на Исламската држава“, се вели во обвинението на Вишото државно обвинителство. Притоа не се известува за тоа како стасале во Украина и за нивните активности таму.

Според обвинението, обвинетите истражувале можни цели на терористички напади „во Германија и на други места во Западна Европа“. Во исто време, не биле пронајдени индиции за конкретни планови за напад.

Меѓу обвинетите, на возраст меѓу 21 и 47 години, петмина се Таџикистанци, еден е Киргистанец и еден Туркмен, кои беа уапсени пред една година.

Во последниве години во Германија редовно се откриваат лица кои биле членови на различни терористички групи, пред сѐ, на Исламската држава. Огромното мнозинство од уапсените се Сиријци.