Триесетгодишен Авганистанец е обвинет во вторникот во јужна Германија за убиство на жена во супермаркет пред очите на нејзините деца, на којашто ѝ задал 16 убоди со студено оружје.
Жртвата, исто така од Авганистан, се преобратила во христијанство и го повикала напаѓачот да го стори истото, појаснија од обвинителството. Жената од здобиените повреди починала на пат за болница.
Осомничениот за убиството, кој е муслиман, на првото појавување пред судот рекол дека не се сеќава на споменатиот настан од април минатата 2017 година кој се одиграл во малиот град Приен ам Шемзе. Случајот дури деновиве стана пошироко познат во германската јавност.
Пред судењето, пак, на иследниците им кажал дека го извршил убиството и дека потоа се чувствувал „полесно“. Го разгневиле, како што ги цитираат неговите зборови иследниците, повиците и тој да се преобрати.