Вработените во компанијата во Леверкузен, ја повикале полицијата во саботата, наведувајќи дека се сомневаат дека пронашле дрога во брод, кои пакетите ги превезувал од Еквадор.
Во соопштението на полицијата се додава дека супстанцата е откриена во стотина кутии од по еден килограм, сокриени во пакувања со банани, а првите тестирани примероци покажале дека станува збор за кокаин.
Освен дрогата, полицијата пронашла и ГПС трансмитер во едно од пакувањата, за кои верува дека криумчарите сакала да го користат за лоцирање на дрога.
Полицијата не ја соопшти вредноста на дрогата.