Германската влада потврди во неделата дека потенцијален исламистички терорист е вработен во државното биро за миграции.
Министерството за внатрешни работи ја објави оваа информација додека се води поширока истрага за работењето во агенцијата за миграции, која ја покрена левичарската парламентарна група во Бундестагот. Бидејќи истрагата за односното лице сѐ уште трае, малку информации се достапни за јавноста.
„Сојузната влада е свесна за конкретниот сомнителен случај во врска со исламизмот и исламистичкиот тероризам“, објави кусо германското министерство за внатрешни работи.
Сомнителното лице е вработено во Сојузното биро за миграции и бегалци (Bamf) коешто е надлежно за барањата за азил, интеграција во германското општество и за случаите на репатријација. Бирото е под надлежност на министерството за внатрешни работи.
Истрагата на пратеникот, исто така, откри дека поранешниот припадник на екстремно десната Национална демократска партија на Германија (NDP) кој бил отпуштен од агенцијата Bamf во 2017 година.
Поранешниот вработен во своите објави на социјалните мрежи го разотркил својот „ксенофобичен став и противење на азилот“ и со презир ги коментирал Евреите, жртвите на националистичкиот режим, се наведува во извештајот во врска со отпуштениот член на NDP.
Во текот на кусото работење во агенцијата, тој работел на контролата на квалитетот на професионалните курсеви на странски јазици и не носел никакви одлуки поврзани со азилот, открила истрагата.