Во Гевгелија се реализира проект кој што СДСМ 6 години не го започнал, тоа е разликата меѓу нас и нив – додека тие крадат, ние работиме, рече Мицксоки

Овој проект е од 2016-тата година и овој грант е од 2016-тата година, зошто изминатото локално раководство не го реализирал е друго прашање. Но, затоа еве после речиси 6 години проектот почнува да се реализира и очекувам во следните 500тини дена зошто не и побрзо проектот да биде реализиран и навистина да се подобрат условите за жителите на овие населени места каде што ќе има нова вода за пиење, канализација, фекална, атмосферска, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Гевгелија.

-Се работи во Гевгелија, се работи и секаде онаму каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалник, продолжуваме со нашите активности во проектот промени продолжуваат, повторно сме заедно со граѓаните и ова ќе трае. И јас реков дека ова нема да е процедура која што ќе биде кратка, напротив ова е процедура која што ќе трае, за да покажеме дека не сме сите исти, туку дека сме многу различни. Додека овие во владата ги интересираат  само тендери во четири очи и ги интересира криминалот и корупцијата за да крадат, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата работата, чесно, штедат и градат. Тоа е разликата помеѓу едните и другите. Затоа е многу важно набргу од денеска да имаме предвремени парламентарни избори да може оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ да замине, и да дојде влада на народот која што ќе гради и која што ќе ја врати Македонија на победничките патики, истакна тој.

„Тоа е она кое што јас можам во моментот да го заклучам, а како човек и претседател на ВМРО-ДПМНЕ сум исклучително горд што имаме градоначалници кои што ги избраа граѓаните, кои што се исклучително мотивирани, кои што сакаат да работата за интересите на граѓаните, и кои што мислам дека ќе продолжат и во иднина така да работата, затоа што нивната и нашата заедничка цел е да ја градиме Македонија и да работиме исклучиво за интересот на граѓаните на Македонија и Македонија“ – порача Мицкоски.