Во Google се обиделе да го прикријат од корисниците собирањето податоци за нивното геолоцирање

Водечките лица и инженерите во корпорацијата Google биле запознаени за компликациите и тешкотиите при зачувувањето на тајноста на податоците и наоѓањето на поставките за приватноста при собирање на податоците за локациите на корисниците, пренесуваат медиумите повикувајќи се на судски документи.

Во мај минатата 2020 година компанијата сопственик на најголемиот интернет пребарувач на светот беше обвинета за нелегално собирање информации за локацијата корисниците, а против Google тужба покрена јавниот обвинител на американската сојузна држава Аризона, Марк Брнович.

Според написот во изданието BusinessInsider, Google продолжил да прима инфорамции за локациите на кои се наоѓаат корисниците, дури и откако била исклучена функцијата за геолоцирање на нивните паметни телефони. Покра тоа, корпорацијата всушност ги принудила производителите на паметните уреди да ги „прикријат“ од кориснциите поставките за приватнсота, дозволувајќи „активно искривување и/или прикривање на фактите“.

Како што се појаснува, Google користи различни алатки и услуги за пресметување на геолокацијата на корисниците, вклучително и Wi-Fi, па дури и апликации од независни апликации кои директно не се поврзани со него.

Според еден од вработените во корпорацијата, „истоветно“Apple може да го „победи“ Google, бидејќ им овозможува на корисниците „со поголема веројатност“ да користат апликации и услуги базирани на локацијата без да ги споделуваат тие информации.

Во судските документ се наведува и дека Google извршиле притисок врз „LG“, како и други производители да го отежнат простапот до поставките за прикажување на локацијата кои биле популарни кај корисниците. И од Google и од LG не одговориле на барањето за коментар.