На иницијатива на членовите на семејствата на загинатите во трагедијата во Ласкaрци, Јавното претпријатие „Градски паркинг и зеленило”, во малиот парк во центарот на Гостивар засади 16 дрвца во знак на сеќавање на 16-те жртви на оваа трагедија.
Во наредниот период ќе се изврши хортикултурно уредување на просторот и ќе биде поставена спомен плоча со имињата на 16-те починати.
– Ја поддржавме оваа иницијатива и дадовме придонес. Дел од просторот во малиот парк во следниот период ќе биде хортикултурно уреден и ќе претставува достојно место кое ќе го чува споменот за трагично изгубените животи – велат од НП „Градски паркинг и зеленило”.