Во Грција од последиците на заразата со коронавирусот починало четвртото лице , 53-годишен маж, кој воедено е и најмладата жртва во земјата, додека во светот бројот на починатите во пандемијата до неделата рано попладнето се зголеми на над 6.000 луѓе.
Грчката полиција досега привела 96 лица кои не ги почитувале пропишаните мерки, чијашто цел е да се запре ширењето на заразата.
Починатиот маж бил лекуван на Одделот за интензивна нега и бил во критична состојба, а починал во недалата рано утрото, рекол за агенцијата ANA директорот на болницата AHEPA, ПАнајотис Пантелаидис. Бил врабноте во медицинската лабораторија во градот Кожани, кон македонската граница.
Во саботата на островот Закинтос починал 67-годишник, а во градот Калјари, исто така во Егејска Македонија, на последиците од заразата им подлегнал 90-годишник. Сите починати претходно боледувале од хронични болести.
Инаку бројот на починатите од епидемијата на коронавирусот во светот надмини 6.000 во неделата, откако Шпанија објави за 105 нови жртви во последните 24 часа, пренесува AFP врз основа на податоците од официјалните извори собрани до 14,30 часот по средноевропско време.
Вкупно 6.034 лица починале од 159.844 потврдени заразени луѓе ширум светот.
Кина и натаму е водечка според бројот на починатите со 3.199 жртви, меѓутоа Европа стана жариште на епидемијата која на Стариот контенент забрзано се шири.
Во Европа има 1.907 починати, од кои 1.441 жртва во Италија и 288 во Шпанија, двете земји кои на континентот се најпогодените од коронавирусот.