Во Грција годишно се дават 360 лица, речиси сите во море

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Секоја година во Грција околу 360 луѓе ги губат животите во вода, а 98 отсто од нив се давења во море, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕODI) по повод светски ден за превенција од давење.

Според податоците од 2023 година, 68 проценти од смртните случаи се на плажи на кои не постои спасувач, што, како што истакнуваат од ЕОДИ, „ја покажува големата важност плажите да имаат спасувачи“.

Во изминатите пет години, месец со најмногу давења е јули, а потоа следува август, додека времето од денот кога се случуваат најмногу давења е меѓу 12 и 13 часот.

Од почетокот на годинава, заклучно до 23 јули 2024 година биле регистрирани 215 несреќи со смртни последици во море, од кои 98 во текот на јули.

Како главни причини за давење се наведуваат недостиг на надзор на децата, немање ограда во базените, консумирање алкохол, игнорирање на временската прогноза, неправилно користење елеци за спасување и заштитна опрема во активностите на вода, но и тоа што некои не знаат да пливаат.