Во Грција отворен третиот центар за прием на бегалци од Украина

Министерството за миграција и азил на Грција соопшти дека одново ќе го отвори прифатниот центар Елефсина во близина на Атина, но сега, ќе биде наменет исклучиво за прием и сместување на раселените лица од Украина, јави дописничката на МИА од Атина.

Центарот е со капацитет да прими 150 лица, а е трет по ред што се отвора за прием на бегалци од Украина, со оглед на тоа дека веќе функционираат два во северниот дел на земјата.

-Во зависност од брановите, на располагање ќе има и дополнителни кревети, со што ќе се обезбеди сместување и храна за оние кои ќе им биде потребно, соопштија од Министерството.

Според официјалните податоци од Министерството за цивилна заштита, од почетокот на војната, во Грција пристигнаа вкупно 10.738 украински државјани, од кои 3.478 се малолетни.

(MИА)