Во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5.2 степени

Земјотрес со јачина од 5.2 степени, според првичните информации од грчката Национална опсерваторија, беше регистриран во 17.38 по локално време во морскиот регион во близина на грчкиот остров Карпатос, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на околу 80 километри југоисточно од островот Карпатос.