Вкупно 10 постапки се водат во грчкиот суд против Центарот за македонски јазик во Грција, а тоа се жалби од трети страни кои бараат здружението да биде укинато. Во судските документи здружението е наведено со кирилично писмо и се именува со неговиот оригинален назив.
Досега се реализирани три судења по поплаки од една политичка партија, втора од обвинителот на Лерин и третата од едно здружение. За никоја од постапките досега нема одлука и процедурите продолжуваат, изјавиле од здружението за „Фокус“.
Центарот беше регистриран како невладина организација (НВО) од страна на судските власти во Грција лани во ноември.