Во Грција уапсен македонски камионџија со 167 килограми канабис и еден пиштол

Речиси 167 килограми канабис и еден пиштол открила грчката полиција во камион на автопатот од Евзони кон Солун и го уапсила 37-годишниот возач од Македонија, информираше грчката агенција АНА-МПА.

Од грчката полиција соопштуваат дека уапсениот со камион за меѓународен транспорт влегол во Грција од граничниот премин Евзони (Богородица), а бил запрен на автопатот кон Солун во организирана акција на Секторот за борба со дрога и со помош на куче- душкач бил откриен канабисот.

„При контрола на возилото, со помош на полицајци од тимот за спречување и сузбивање на криминал и куче за откривање дрога од Царинската служба Евзони, скриени под подот на возилото беа пронајдени 92 пакувања канабис со тежина од 166 килограми и 862 грама. Исто така, во едно од пакувањата беше откриен пиштол со два полначи и осум куршуми, кои беа запленети“, соопштија од грчката полиција и додаваат дека запленети се и камионот и трите мобилни телефони на возачот.