Од 19 часот во средата до 19 часот вчера, во цела Грција, избувнале 36 шумски пожари, jави дописничката на МИА од Атина
Според Противпожарната служба на Грција, за справување со огнените јазици интервенирале вкупно 430 пожарникари со 152 возила, 11 пешадиски тимови, еден хеликоптер, шест авиони и уште толку PZL авиони, а помагале цистерни од општините, како и волонтери пожарникари.
Во однос на пожарот на Евија што избувна на 13 август, од грчката противпожарна служба соопштуваат дека е делумно ставен под контрола, а пожарникарите сѐ уште се на терен за целосно гаснење.
За денешниот ден, постои висок ризик за пожари во регионите Атика, островите во северниот дел на Егејското море, на Пелопонез, како и во централна и западна Грција.