Вкупно 50.411 мигранти во моментов се наоѓаат во Грција.
Според последните податоци објавени денеска, во северна Грција има 28.593 мигранти и бегалци, во Атика 13.711, 5.538 се на островите, а останатите се насекаде низ земјата.
Во меѓувреме, не стивнува приливот на нови бегалци и мигранти, па така само вчера на Лезбос, Хиос и Самос пристигнале преку 1.500 бегалци.
Вп Пиреја денеска пристигнаа два фериботи со околу две илјади бегалци и мигранти од Лезбос и Хиос.