Атински обвинител денеска обвини осум мажи и една жена, кои беа уапсени при вчерашната операција на грчката полиција, за поседување на експлозивни направи, фалсификување и спротивставување на апсење.
Постои сомнение дека уапсените, кои се турски државјани, се членови на екстремистичката организација Револуционерна народноослободителна партија – Фронт (ДХКП/Ц).
При претресот на нивните домови, грчката полиција пронашла детонатори, пиштоли и метеријали за изработка на експлозив.