Според податоците на организацијата, во Грција живеат 577.000 луѓе од 150 држави.
Најголем број мигранти се од Албанија – 401.402 лица, потоа следуваат Украинци – 19.850, Грузијци – 19.196, Пакистанци – 16.964 и Руси – 15.207.
Само 18.500 од мигрантите имаат документи за продолжен престој.
Грчкиот форум за мигранти наведува дека околу 131.000 од мигрантите се малолетни, а голем број од нив се второ поколение мигранти и кога ќе бидат полнолетни ќе можат да добијат грчко државјанство. Организацијата посочува дека добивањето на грчко државјанство е оптоварено од бирократските процедури.
Според Меѓународната организација за миграција (ИОМ) секој седми човек на Земјата е мигрант.