
Американската кредитна фирма „Equifax“ соопшти дека биле жртви на тежок хакерски напад од кој се погодени 143 милиони американски клиенти, што е речиси половината од населението во САД.
Компанијата го открила проблемот на 29-ти јули и „итно реагирале“ по што е побарана истрага од фирма за компјутерска безбедност за проценка на штетите.
Ирочнично, но „Equifax“ е специјализирана за заштита и анализа на лични и финансиски податоци на клиенти кои бараат кредити од банка или кредитни организации од цел свет.
„Хакерите упаднале преку американски сајт и добиле пристап до досиеја меѓу средината на мај и јули. Од инцидентот се погодени потенцијално околу 143 милиони клиенти во САД“, наведе во соопштение компанијата.
Освен лични податоци, хакерите добиле и броеви на кредитни картички на 209.000 американски клиенти како и доверливи документи за кредити на 182.000 луѓе.
Седипштето на „Equifax“ е во Атланта. Фирмата анализира податоци на над 820 милиони физички и над 91 милион правни лица во цел свет.