Во хеликоптерска несреќа во Сирија настрадаа 22 американски војници

Дваесет и двајца америкнски војници се повредени во хеликоптерска „несреќа“ во североисточна Сирија во неделата, соопшти американската армија во понеделникот вечерта, без да ја открива причината за инцидентот, ниту да ја наведе тежината на повредите.

Централната команда на американската војска соопшти дека десет американски војници се евакуирани во институција за повисоко ниво на медицинска нега надвор од регионот.

Централната команда, којашто е задолжена за американските војници на Блискиот исток, соопшти дека „не е забележан“ непријателски оган, но додава дека причината за инцидентот се истражува.

Во Сирија се распоредени околу 900 американски војници, повеќето од нива на истокот на земјата кои ги држат најголемите сириски нафтени полиња и нелегално ја експлоатираат нафтата од таму. Според Вашингтон, таму американските војски без никакво одобрување од сириската влада се во мисија во наводна борба против остатоците од Исламската држава за која уште пред повеќе години објавија дека е уништена.

Официјаелн Дамаск обвинува дека американската војска, којај ја смета за окупаторска, освен што ги вооружува и обучува сунитските бунтовнички групации, во седумте свои илегални бази на сириска територија ги обучува токму екстремистите од Исламската држава коишто подоцна изведуваат терористички напади и во самата Сирија и во другите земји во регионот, како ланскиот во Истанбул, па и во други подрачја во светот.

Американските единици во Сирија последните години имаа неколку инцидентит со силите на владата во Дамаск, но беа и цел на неколку напади, главно на милициите кои се поврзани со Иран. Во март во нападите во Сирија беа ранети 25 американски војници.

Американските сили извршија инвазија во Сирија во текот на кампањата на администрацијата на претседателот Барак Обама, чиј потпретседател беше сегашниот претседател Џо Бајден, а чија цел беше соборување на владите во арапскиот свет ткн Арапска пролет започната во 2011 година. Тогаш бројот на американски војници на сириска територија се проценуваше на повеќе од пет илјади, од кои главнината беше повлечена во мандатот на претседателот Доналд Трамп, откако САД во ноември 2017 година прогласија дека е уништена Исламската држава во Ирак.

Во 2011-та САД започнаа, заедно со сојзуниците Велика Британија и Франција под разни „хуманитарни“ изговори започнаа директни воени операции против војската на сирискиот претседател Башар ал-Асад, сојузник на Иран и Русија. Истовремено, американските воени акции одеа во прилог на џихадистичките организации како Исламска држава и Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, додека Вашингтон ги вооружуваше Сириските демократски сили (SDF) во кои основата ја чинат курдските Единици за заштита на народот (YPG) против кои војува сојузникот од НАТО, Турција која ги смета за фракција на забранетата Работничка партија на Куридстан (PKK).

Откако Русија во 2014 година по барање на официјален Дамаск се вмеша во сириската војна, Исламската држава беше разбиена во Сирија, но САД тврдат дека сѐ уште постојат нивни групации во пустинските области каде е слаба контролата на владините, американските и руските сили, како и проиранските милиции.

САД тврдат дека илјадници борци на Исламската држава се во наводни притворски објекти на сириска територија, за кои Дамаск тврди дека се всушност кампови за обука на џихадистичките терористи. Вашингтон тврди дека наводно Исламската држава би можела повторно да стане голема закана.