Во хеликоптерска несреќа во Колумбија загинаа 16 полицајци

Хеликоптерска несреќа се случи во Колумбија – шестнаесет полицајци го загубија животот за време на изведување акција против кланот „Усуга“, што го претставува најголемиот наркокартел во земјата.

Во хеликоптерот имало 18 лица, од кои 16 загинале а двајца се ранети, изјави на прес-конференција министерот за одбрана Луис Карлос Вилегас.

Во овој момент најверодостојна хипотеза е дека заради маглата хеликоптерот удрил во испакната карпа со брзина од речиси 180 километри на час, по што целосно бил уништен,“ рече министерот.

Мајка и бебе пронајдени живов 5 дена по авионска несреќа

kolumbijaСпасувачките екипи денеска во џунглата во северозападниот дел на Колумбија пронајдоа преживеани мајка и бебе, кои од саботата се водат како исчезнати по уривање на авион.

Осумнаесет годишната Нели Муриљо и нејзиниот син Јудиер Морено, кој се уште нема една година, се пронајдени во близина на местото каде се урна авионот „цесна 303“.

– Тоа е вистинско чудо. Станува збор за огромна дивина, изјави командантот на колумбиските воздухопловни сили Хектор Караскал.

Мајката и детето, кои се здобиле само со полесни повреди, со хеликоптер биле пренесени во болница.

Пилотот на авионот Карлос Марио Кебалос загина во авионската несреќа, а причината за уривањето засега е непозната.