На 29.03.2022 во 03:00 часот во Полициската станица Бит пазар, А.Ф.(36) од Скопје пријавил дека на 28.03.2022 околу 21:30 часот во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил нападнат со тврд предмет од С.М.(41) од Скопје.
Во врска со настанот, на 28.03.2022 во 22:30 часот, М.Е.(20) од Скопје пријавила дека околу 21:30 часот со А.Ф.(36) отишла во хотел на подрачјето на Бит Пазар, но кога сакала да си замине, настанала расправија помеѓу нив и А.Ф. не ѝ дозволил и ја заклучил.
Според пријавеното, таа го скршила стаклото и се јавила на С.М.(41), кој дошол и физички го нападнал А.Ф..
По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.