Во изминатото деноноќие во Хрватска забележани се 65 нови случаи на зараза со коронавирусот, а три лица починале, соопшти во неделата Националниот штаб за цивилна заштита.
Во моментов бројот на активните случаи на зараза изнесува 855, од кои 142 пациенти се на билничко лекување, од кои девет се на респиратори.
Од 25-ти февруари, кога во Хрватска е регистриран првиот случај на заразата со коронавирусот, до денеска вкупно се потврдени 4.857 случаи. Од нив 136 завршале со смртен исход, а 3.866 оздравеле. Во самоизолација во моментов се 3.271 лице.
До денеска хрватските здравствени власти вкупно тестирале 112.005 лица, од кои 1.489 во последните 24 часа.