![hrvatska avtopat](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/hrvatska-avtopat.jpg?resize=658%2C452&ssl=1)
Министерот за внатрешни работи на Хрватска и шеф на Штабот за цивилна заштита Давор Божиновиќ најави нови мерки против ширење на заразата со коронавирус, вклучително и забрана за напуштање на престојот и запирање на меѓуградскиот сообраќај.
Божиновиќ најави дека во текот на денот во Хрватска ќе биде забранет меѓуградскиот сообраќај, што се однесува на автобусите но и автомобилите.
– Денеска е последен ден кога ќе може да се одвива меѓуградскиот сообраќај со приватни автомобили и на секој друг начин, рече Божиновиќ.
Тој ги повика сите што го напуштиле Загреб по земјотресот да се вратат во градот.