Од појавата на африканската свинска чума, пред околу три месеци, 20.000 свињи се еутанизирани во Хрватска, а скоро 900 фарми се заразени, што доведе многу фармери во многу тешка ситуација, а големо прашање е дали тие ќе продолжат да прават бизнис со одгледување свињи во иднина, јави Танјуг.
Вонредниот професор на Факултетот за агробиотехнички науки во Осиек, д-р Владимир Маргета, вели дека заканата за свињарството од африканската чума не се одразува само на бројот на еутанизирани свињи и затворените фарми каде што се одгледувале.
Според него, околу два до три отсто од вкупниот број свињи во Хрватска во моментов се еутанизирани.