Во Хрватска над 2.300 нови зарази со коронаворусот и рекордни 35 починати

Хрватските здравствени власти соопштија во саботата дека во текот на изминатите 24 часа регистрирале 2.399 нови случаи на зараза со коронавирусот, а починале 35 лица, што е највисока броја во еден ден од почетокот на епидемијата во земјата.

Бројот на активните случаи во Хрватска денеска е вкупно 15.542. Меѓу нив 1.330 пациенти се на болничко лекување, од кои 128 се на респиратори, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Од 25-ти февруари годинава, кога е регистиран првиот случај на зараза со новиот коронавирус во Хрватска, до денеска вкупно се забележани 64.704 лица позитивни на вирусот, од ои починале 752 лица.

Вкупно досега оздравеле 48.410 лица, од кои 2.389 во последните 24 часа. Во самоизолација во моментов во земајта има 31.642 лица.

Во последното деноноќие во Хрватска се тестирани на коронавирусот 8.624 примероци, или вкупно 550.229 од почетокот на епидемијата.