Во Хрватска нови 805 коронаинфекции, четворица починати

Во последните 24 часа во Хрватска регистрирани се 805 нови случаи на зараза со коронавирусот, на респиратор се ставени 59 пациенти, а починале четири лица, извести во средата Националниот штаб за цивилна заштита.

Во моментов во земјата има 3.632 активни случаи, меѓу кои 440 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратори се 59 пациенти, што е за шест повеќе од ден претходно.

Од 25-ти февруари 2020 година, кога во Хрватска е регистриран првиот случај на зараза досега со коронавирусот се заразени 374.803 лица, од кои починале 8.338 луѓе. Во последните 24 часа оздравеле 383 лица, а во самоизолација во моментов се 7.432 луѓе.

Заклучно со 31-ви август потрошени се 3.271.036 дози од вакцините, а вакцинирани се 42,54 отсто од вкупното население или 51,10 отсто од возрасните. Само во вторникот потрошени се 6.537 дози од вакцините, а од тоа 3.620 лица биле вакцинирани со првата доза.

До вторникот 1.726.531 лица се вакцинирани барем со една доза, а од нив вакцинирани се 1.614.792 лица од кои 1.544.505 со две дози и 70.287 лица со вакцината на „Jensen“ која се дава во една доза, што сочинува 47,85 отсто од возрасното население.