Хрватското државно обвинителство нареди истрага против припадниците полициски сили, кои беа снимени како тепаат мигранти на нрватско-босанската граница, поради сомневање за сторено кривично дело нечовечко и сурово постапување.
На тројцата сторители им се заканува затворска казна до 10 години, пишува загрепски „Јутарњи лист“.
-Окружното државно обвинителство во Карловац побара истрага откако снимките беа објавени во емисијата „Потрага“ на хрватската РТЛ – објави окружниот државен обвинител, Вера Магдиќ-Бижановиќ.
Се наведува дека станува збор за кривично дело малтретирање и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, за што е предвидена затворска казна до 10 години.
Властите соопштија дека тројца припадници на специјалната полициска единица тепале мигранти, поради што тие се суспендирани и против нив е поведена дисциплинска постапка.