Во Хрватска просечна плата 729 евра

Просечната исплатена нето плата по вработен во Хрватска во јуни била 5,558 куни т.е. 729 евра, што е номинално 1,1 отсто повеќе, а реално 1,4 отсто во однос на мај.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата за јуни номинално била поголема за 1,3, а реално за 1,7 отсто во споредба со истиот месец лани.

ДЗС наведе дека просекот на нето платите исплатени во првите шест месеци е 5,506 куни, што е номинално на исто ниво како и во првото полугодие лани, а реално 0,3 отсто повеќе.