Во Хрватска речиси 2.600 новозаразени и 28 починати од Covid-19

Хрватските здравствени власти во последните 24 часа забележале 2.597 нови случаи на зараза со коронавирусот, а починале 28 лица, извести во средата Националниот штаб за цивилна зашита.

Бројот на активните случаи денеска во Хрватска изнесува вкупно 15.513, од кои 1.545 пациенти се на болничко лекување, а од нив на респиратори се 178 пациенти.

Од 25-ти февраури, кога во Хрватска е официјално потврден првиот случај на зараза со новиот коронавирус, забележани се до денеска вкупно 72.840 заразени лица, од кои 893 починале како компликации предизвикани од болеста Covid-19 која ја развива вирусот.

Во самоизолација во моментов има 32.225 лица. До денеска тестирани во Хрватска се вкупно 582.170 промероци, од кои 9.681 во последното деноноќие.