Во ID Team Hair Bar специјален третман на косата со тродимензијално нијансирање

Косата е најубав накит на секоја жена. Сите сме биле сведоци кога низ улиците погледот ни го мами жена која има лелеава, здрава коса, квалитетно нијансирана и негувана.Таквите жени често мамат погледи, на секое место каде и да се појават. Скоро секогаш квалитетно, избраната боја, живоста на влакното и топлите нијанси можат да ги фрлат во сенка сите брендирани нешта кои ги носите на себе.


„Односот фризер – клиент, довербата и меѓусебната соработка е од особена важност.
Долгогодишното искуство, чувствувајќи го квалиетот на косата, како и користење на најквалитетни производи, ни даваат насоки да сугерираме што ќе биде полн погодок.
Есента е најувавото годишно време. Таа во себе ги носи сите златно-жолти и сончево залезни бои“, велат од ID Team Hair Bar, салонот за коса.

Додаваат : „Есента го носи вкусот на зрелите овошја,арони и мириси. Токму затоа решивме низ овие прамени да го сместиме есенското Сонце. Одбравме техника со тродимензијално нијансирање. Боевме корен,тониравме, направивме третман за целосна ревитализација на косата, финиширавме со специјален третман за јакнење на целата коса. Ефектот беше постигнат и видлив. Клиентот беше крајно задоволен од комплетната промена“, потенцираат од салонот за коса, ID Team Hair Bar.