Во идеално сценарио првото поглавје со ЕУ можеме да го отвориме догодина

Директорката на Институтот за европска политика, ЕПИ, Симонида Кацарска, во разговор за МИА се осврнува на изјавите на комесарот Хан за „подготвителната“ фаза на преговори, но и на капацитетот на македонската администрација да се сноси со преговарачкиот процес.

Изјавата на европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, дека Европската Комисија ќе предложи отворање на „подготвителна“ фаза на преговорите за Северна Македонија во јуни предизвика бура реакции во јавноста и сомнеж дека всушност ЕУ повторно бара изговори да не ги започне ефективно преговорите со земјава. Но, всушност, ако се суди според новиот преговарачки пристап на ЕУ, тоа што го изјави Хан не е изненадување, бидејќи процесот е побавен отколку што бил пред петнаесетина години кога влегуваа земјите од источниот блок, објаснува Кацарска.

Идеалното сценарио за јуни е Советот да усвои одлука со која се закажува првата меѓувладина конференција, тоа е почетокот на преговорите, а најдоброто сценарио за нас е Советот на Европската Комисија да и побара преговарачка рамка – објаснува Кацарска.

МИА