Во иднина учениците во средните училишта ќе се запишуваат електронски

Нова дигитална услуга ќе нуди министерството за образование која денес ќе биде презентирана пред јавноста.

Во иднина учениците во средните училишта ќе можат да се запишуваат и на електронски начин, впрочем така гласи и самата дигитална услуга „Електронски уписи на ученици во средни училишта“.

Оваа услуга ќе ја претстави министерот за образование Јетон Шаќири а истата спаѓа под проектот „Дигитализација на услуги во образовниот сектор“ поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје

На презетирањето ќе присуствува и британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј.