Во Идомени функционира и училиште за бегалците

Независна група волонтери во Идомени отворила училиште за децата бегалци и мигранти.

На знакот поставен пред голем шатор, кој го ставиле волонтери од различни земји, пишува „Идомени културен центар“, а настава има секој ден. Наставници се бегалци кои студирале математика, наука или јазици.

Според програмата, појадок се служи во 9 часот, а потоа следуваат часови по математика, по курдски и арапски јазик, а има и курсеви за возрасни.

Како што јави допсиникот на МИА од Атина, волонтерите, од своја страна, се обидат децата да ги научат јазици, како што се англиски и германски, кои ќе им требаат понатаму во нивниот нов живот.

– Многу од децата, поради војната, не знаат да пишуваат или да читаат. Има 11 или 12 годишни деца кои никогаш не биле на училиште, велат волонтерите за АНА-МПА и истакнуваат дека им треба хартија, моливи и книги на арапски јазик, затоа што бројот на децата се зголемува од ден на ден.