Во Индија 4.529 жртви во еден ден, најмногу во светот од почетокот на пандемијата

Индија во средата потврди 4.529 смртни случаи како последица на Covid-19, што е највисока дневна бројка воопшто во светот од узбувнувањето на пандемијата на коронавирусот кон крајот на декември 2019 година, покажуваат официјалните податоци.

Ова јужноазиска земја го презема овој црн рекорд со најмногу починати заразени со коронавирусот во еден ден од САД коишто на 12-ти јануари потврдија 4.475 починати, според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Индија потврди и 267.334 нови случаи на коронаинфекции во изминатите 24 часа, па сега вкупниот број зеразени во пандемијата достигна 25,2 милиони. Соочена со вториот смртоносен бран во пандемијата, Индија досега имаше највисок дневен показател на заразените од 414.188 на 7-ми мај. Бројот на починатите од последиците од Covid-19 вкупно во земјата се искачи на 283.248 луѓе, според индиското министерство за здравство.

Иако процентот на заразите започна да се намалува, владата предупредува дека само 1,8 отсто од над 1,3 милијарди жители досега се заразени.

По експоненцијалниот раст на заразените во преполнетите болници во градовите и поголемите места, заразата брзо се шири и во руралните региони каде што здравствените служби се недоволни, слабо опремени а недостигаат и тестови.

Иако Индија е најголемиот светски производител на вакцини, само 3 отсто од нејзиното население досега е целосно вакцинирано против короанвирусот.

Соочена со порастот на заразите, Индија пред еден месец го прекина извозот на вкацините, откако продаде или донираше над 66 милиони дози. Поради тоа Бангладеш, Шри Ланка, Непал и поголемиот дел од Африка се мачат со наоѓање други извори за вакцините.

Претходно во вторникот, владини извори соопштија дека Индија веројатно до крајот на октомври нема да извезува значителни количества од вакцините против короанвирусот кои се произведуваат во нејзините постројки, бидејќи сето производство го пренасочува за домашна употреба.

Индискиот Институт за серуми (SII), најголемкиот производител на вакцини во светот која ја произведува „AstraZeneca“, се надева дека до крајот на годинава ќе започен со испораки во други земји и за програмата COVAX за сиромашните земји.