Во Индија дозволено назначување жени на командни места во армијата

Врховниот суд на Индија во понеделникот пресуда дека во армијата жените може да заземаа командни позиции заедно со мажите, пренесе весникот The Indian Times.

Според оваа пресуда, која во индиските медиуми се оценува како „историска“, жените ќе можат да заземаат чинови и позиции и од полковник и повисоко. Офицер со чин полковник во индиската армија командува со баталјон, кој обично има 850 припадници.

„Ширењето на забелепката заснована на половата припадност преставува навреда за достоинството на жените и земјата во целина. Дојдено е времето жените офицери да не заостануваат зад своите колеги мажи“, се вели меѓу другото во образложението на одлуката.

Претходно индиската влада го извести Врховниот суд дека мажите кои служат во армијата се главно регрутирани од руралните области на земјата и „сѐ уште не ја минале психолошката обука за прифаќање на жените офицери како команданти на единиците“.

Судот ги оцени аргументите на владата како „дискриминаториски“ и „вознемирувачки“ засновани на стереотипи. Врховниот суд, исто така, ги отфрла и аргументите на владата за физиолошките ограничувања на жените војници. Одлуката на судот мора да биде спроведена во рок од три месеца.

Минатата 2019 година жените офицери добија право на постојана служба во десет рода на индиската армија. Влстите решија да осигураат можноста на постојана служба на жените офицери во секторите како инженерскиот корпус, авијацијата, противвоздушната одбрана, електрониката и механизираните единици, армискиот корпус за логистика, артилерискиот корпус и военото разузнавање.

Во април минатата година индиската армија го започна и процесот на зголемување на бројноста на жените во редовите на регрутите, започнувајќи онлајн регистрација за регрутирање во корупусот на воената полиција.