Индија извести за 81.466 нови случаи на зараза со коронавирусот во петокот, што претставува најголем дневен број во последните шест месеци.
Податоците на министерството за здравство покажуваат дека вкупниот број случаи на заразата со коронавирусот се зголемил на 12,3 милиони, што Индија ја става на третото место на најпогодените држави во светот во пандемијата, по САД и Бразил. Бројот на смртните исходи од Covid-19, пак, се зголемил за уште 469 на вкупно 163.396 починати.
Махрарашстра, западната сојузна индиска држава којашто досега е најмногу погодена со заразите, извести во шетокот за нови 43.183 случаи, што е најголе број од ширењето на пандемијата во Индија од март минатата 2020 година. Фунционерите во оваа држава воведоа ноќен полициски част во текот на викендот, но се разгледуваат и построги мерки на ограничувањата, вклучително и затворање на верските лојации и ограничувања на патувањата со преполните возови.
Бројот на случаите на заразата во петокот порасна и во сојузните држави Чатисгарх, Карнатака, Пенџаб, Керала, Тамил Нади, Гуџарат и Мадја Прадеш.
Индија на почетокот од минатата годината ја воведе една од најстрогите мерки на затвовањето во светот за сузбивање на пандемијата, но ги олабави со цел да го спаси националното стопанство, а бројот на случаите постепено паѓаше подоцна во текот на 2020 година. Новиот бран годинава претставува предизвик за владата која веќе се бореше за спроведување на минатогодишните мерки на „затворање“.