Во Индија сексуален однос со премлада сопруга ќе се смета за силување

Индискиот Врховен суд во средата пресуди дека сексуалниот однос на мажот со сопругата којашто има меѓу 1 и 18 години е силување, што е многу важна одлука во земјата во којашто милиони малолетни девојки се во брак.

„Сексуалниот однос на оженет маж со малолетната сопруга е силување“, се наведува во пресудата на Врховниот суд на Индија, којашто е поздравена од многу групи за заштита на правата на жените.

Силувањето во бракот не е кривично дело во Индија, бидејќи кога би било прогласено за такво, образложува тамошната влада, тоа би значело дестабилизација на бракот и би ги направило мажите подложни на малтретирања од страна на нивните сопруги.

Врховниот суд одлучи дека возраста за согласување на сексуален однос на 18 години е за „сите случаи“, откако ја сослуша петицијата на Independent Thought, непрофитна група којашто бара да се криминализира сексот со премладите сопруги.

„Многу сум среќен од пресудата на Врховниот суд“, изјави Викрам Шриваштава, адвокат од споменатата организација.

Пресудата не може да се применува ретроактивно, додаде во соопштението судот.

Пописот на населението во Индија спроведен во 2011 година покажа дека повеќе од 5 милиони девојчиња влегло во брак пред полнолетноста.