Во инвалидска количка украл 70 литри масло за јадење од магацин

Намирниците стануваат посакувана стока за крадците, па така е и со маслото за јадење во кое криминалците открија нов извор на приход, покрај нафтата. Тоа стана барана стока, која често е тешко да се најде на полиците во германските маркети.

Така минатиот викенд во Бад Ланхгенсалц полицијата уапсила крадец кој украл 70 литри масло за јадење.
Полицијата, како што беше соопштено, го затекнала 51-годишниот како турка неколку канистри со вкупно 70 литри масло во инвалидска количка.
На распит тој признал дека маслото го украл од магацин на еден ресторан во раните утрински часови.
Полицијата потоа го принудила да му го врати маслото на сопственикот и против него поднесе кривична пријава за „тешка кражба“.

Поради војната во Украина, сончогледовото масло се распродава во продавниците  уште во раните утрински часови, а поради проблеми со доставата и недостигот во угостителството, цената често оди и до 5 евра за литар.