Според невладината организација „Иран Хјуман Рајтс“, во последните години во Иран годишно биле егзекутирани околу 600 луѓе.
„Иран Хјуман Рајтс“ неодамна објави дека во првите 10 месеци од оваа година во Иран е регистриран пораст на бројот на егзекуции.
Активистите за човекови права со години го критикуваа начинот на кој се применува смртната казна во Исламската Република. Сепак, нема официјални податоци за егзекуции, забележува ДПА.
Минатата година Иран погуби осум учесници во демонстрации.
Организациите за човекови права постојано изјавуваат дека иранската влада ги користи егзекуциите како „алатка за да ги потисне протестите и етничките малцинства“.