Во Иран изречена првата смртна казна во врска со смртоносните безредија

Суд во Техеран ја изрекол во неделата првата смртна казна за некој учесник во безредијата кој веќе два месеца го потресуваат Иран, изјави правосудната агенција Mizan.

Протестите, кои започнаа кон средината на септември на 22-годишната Махсе Амини од курдската заедница откако била уапсена од етичката милиција поради кршење на прописот за покривање на косата со шамија, се претворија во најголемиот предизвик за клерикалните власти од револуцијата во 1979 година, иако властите тврдат дека обдукцијата покажала дека младата жена починала од други здравствени проблеми кои ги имала од порано.

За разлика од протестите во ноември 2019 година, сегашните протести се одвиваат низ целата земја, главно на универзитетите, па и училиштата, а се преселија и на улиците во регионите каде живее сунитското малцинство. Протестите не покажуваат знаци на попуштање додека бројот на мртвите се приближува до 200, според западните невладини организации. Властите во Техеран, пак, наведуваат дека во насилните протести биле убиени неколку десетици припадници на иранските безбедносни сили.

Според судската пресуда на осудениот му е изречена смртна пресуда откако бил прогласен виновен бидејќи „запалил зграда на владата, го нарушувал јавниот ред, организирал собири со намера да бидат извршени кривични дела против националната безбедност, бидејќи е непријател на Господ“, се наведува во објавата.

Друг суд осудил пет лица на затворските казни од пет до десет години „поради собири со намера да бидат извршени кривични дела против националната безбедност и нарушување на јавниот ред“.

Станува збор за првостепени пресуди и осудените имаат право да се жалат, пренесува Mizan.