Истанбулската општина ќе оддели посебна парцела каде ќе бидат закопани „предавниците“, кои се убиени при обидот за преврат, јави „Хуриет Дејли Њуз“.
Градоначалникот на Истанбул Кадир Топбаш изјави дека наредбата е поттикната од фактот, што на некои гробишта нема да биде дозволено во нив да бидат погребани заговорниците, кои го организираа пучот.
„Гробишта на предавниците“, е називот, со кој ќе биде наречено местото, каде ќе бидат положени посмртните останки на пучистите.
– Минувачите ќе ги проколнуваат погребаните на тоа место и тие нема да почиваат во мир во своите гробови, нагласи Топбаш.