Во кафуле-слаткарница во Истанбул вечерва имало пукање во кое има мртви и ранети. Како што е објавено, две ривалски групи се сретнале во кафуле, за да се обидат да ги закопаат секирите и да го смират конфликтот меѓу нив, но дошло до расправија која прераснала во вооружен судир.
„Дискусија меѓу две групи во кафеана на улицата Ајазма околу 20 часот прерасна во вооружена пресметка. Три лица загинаа, а двајца од петмината повредени се тешко повредени“, соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул.
Престрелката се случила во Истанбул во областа Ускудар.