Во последните 24 часа во Италија од Covid-19 починале 602 лица, што е втор ден со ред овој показател да е во опаѓање, објави во понеделникот вечерта на редовниот брифинг, челникот на италијанската служба за Цивилна заштита, со што вкупниот број починати од оваа болест во земјата се зголеми на 6.078 луѓе.
Вкупниот број починати во Италија во понеделникот се зголемил за 11 отсто, но ова по минатиот четврток е најмалиот број смртни исходи во едно деноноќие, што сугерира тренд на намалување на бројот на починатите.
Во неделата во Италија како последици од зараза со коронавирусот починаа 651 лице, во саботата 792 а во петокот 627 луѓе.
Вкупниот број потврдени случаи на зараза во Италија се зголемил во понеделникот од 59.138 на 63.297 пациенти, односно за 8 отсто, објави Цивилната заштита. Зголемениот број заразени од 8 отсто е најмалкуиот процентно зголемување од 21-ви февруари.
Во понеделникот бројот на потполно оздравените лица од 7.432, а ден претходно 7.024. На одделите за интензивна нега се згрижени 3.204 лица, а ден порано ги имаше 3.009 пациенти.
Во најтешко погодената северна италиканска покраина Ломбардија, починале уште 320 луѓе, а завележани се 1.550 нови случаи од заразата.
Заклучно со понеделникот, од Covdi-19 во Ломбардија починале 3.776 луѓе, а забележани се 28.761 случаи на заразата. Ден претходно имаше 3.456 починати и 27.206 случаи на заразата.
Податоците од понеделникот, сепак, претставуваат одредено подобрување во однос на неделата кога беше објавено дека починало 361 лице, а забележани се 1.691 нов случај на заразата.