Италија ја сопре постапката против Пуџдемон додека ја чека одлуката во ЕУ

Италијанскиот суд во понеделникто го сопре случајот во врска со европскиот налог за апсење и за екстрадиција на каталонскиот сепратитички челник Карлес Пуџдемон на Шпанија, додека се очекува одлуката на европското правосудство за неговиот имунитет, соопшти неговиот адвоката.

Карлес Пуџдемон во понеделникот се појави пред апелаиониот суд во Сасари на Сардинија, кому Шпанија му го упати европскиот налог за апсење поради учество во организирање и спроведување на референдумот од октомври 2017-та година за независност и подоцнежното прогсување на независноста на Република Каталонија, што го забрани шпанскиот Уставен суд.

Пуџдемон беше приведен на 23-ти септември по доаѓањето на сарденискиот аеродром Алгеро, едиснтвениот италијански град во кој се зачувале каталонскиот јазик и култура, за да учествива на настан од сферата на културата. Следниот ден беше пуштен на слобода, со обврска во понеделникот да се јави на сослушување.

Пуџдемон, кого Мадрид го обвинува за бунт и трошење јавни пари за спроведување на забранетиот референдум за независност, рано попладнето стаса поздравен со извици од десетици приврзаници од на независноста на Каталонија, на Сардинија и на Кирзија кои извикуваа „Слобода, Слобода“.

Прусутни беа уште тројца високи каталонски функционери кои дојдоа да го поддржат, меѓу кои европратениците Клара Понсата и Тони Комин, кој Мадрид исто така ги бара, и Жорди Санчез, кој во времето на прогласувањето независност во 2017-та беше челник на сецесионистичка организација, а во јуни годинава беше ослободен откако речиси четири години мина во затвор.

Тројцата судии на апелациониот сид во Сасари одлучија дека нема да преземаат ништо, туку ќе го чекаат решението по жалбата која одбраната на Пуџдемон ја предата пред Европскиот суд.

„Случајот не е затворен, туку е запрен“, истакна Агостинанџело Марас, италиканскиот адвокат на поранешниот каталоски претседател на излегувањето од судницата.

Педесет иосумгодишниот Пуџдемон, кој од 2019 година е европратеник, бара да му биде вратен пратеничкиот имунитет за да не биде испорачан во Шпанија. Барањето во таа насока неодамна беше упатено до Судот на ЕУ кој во јули го одби претходното барање.

Европскиот парламент на 9-ти март му го симна иминутетот на Пуџдемон со мнозинство гласови. Таа мерка Судот на Европската унија ја потвди на 30-ти јули. Но на одлуката на Европскиот паралемнт е поднесена жалба и сѐ уште не е донесена одлука по содржината на сегашната жалба.