Во Италија бројот на починатите се спушти на нивото од средината на март

Откако во саботата во Италија како последици од новиот тип коронавирус починаа 474 лица, бројот на смртните исходи во неделата се зголеми за уште 174 луѓе, објави во неделата на редовната прес-конференција италијанската Агенција за цивилна заштита.

Меѓутоа, треба да се забележи дека бројот на починатите вообичаено беше помал во неделите, за повторно да се зголеми во понеделникот.

Оваа динамика на смртните исходи соодветствува на средината од март, и е најмалиот дневен број починати од болеста Covid-19 од 14-ти март кога имаше 175 починати, а претходно на 10-ти март беше соопштено за 168 починати. Рекорден според бројот на починатите беше 27-ми март, кога италијанските власти известија за 969 смртни случаи.

Во Италија од почетокот на ширењето на коронавирусот на 21-ви март од Covid-19 починале 28.884 луѓе, а тоа е најголема бројка на смртни исходи по САД.

Саботниот скок на бројот на смртните случаи од 474 во кој според италијанските медиуми биле вброени и 282 починати кои починале уште во април надвор од болниците. Toj го прекина трендот на постепено намалување на починатите, но во неделата се наведува дека тоа се случило по дополнителното пребројување на стотина смртни случаи во регионот Ломбардија во текот на април.

Значително вo последните 24 часа паднал и бројот на новозаразените во однос на саботата, од 1.900 на 1.389 лица. Бројот на потврдените случаи на зараза изнесува 201.717 лица, што е трет највисок ваков показател во светот по САД и Шпанија. Во неделата на одделите за интензивна нега имало 1.501 пациент, а ден претходно 1.539 пациенти. Последното деноноќие оздравеле 1.740 Италијанци, односно севкупно 81.654 лица закрепнале од Covid-19.

Без оглед на тоа, последните податоци охрабруваат, a Италија е подготвува за постепено од понеделникот го ублажува мерките воведени пред осум седмици со кои беше ограничено движењето и да се спречат собирањата на луѓето.