Во Италија над 5.300 коронаинфекции дневно, најмногу од крајот на март

ANSA/TONY VECE

Италија забележа голем раст на бројот за заразените со коронаворусот во петокот, со нови 5.372 случаи, најголем од крајот на март.

Во четвртокот имаше 4.458 заразени, а со денешната бројка Италија се приближи на рекордниот показател од 6.557 заразени на 21-ви март.

Вкупно во Италија од почетокот на епидемијата во февруари заразени се 343.700 лица. Во последните 24 часа починале упте 28 пациенти, или вкупно 36.111 смртни исходи.

Сѐ до минатата седмица се чинеше дека Италија има подобри показатели од други европските земји и подобро ги контролира ширењето на коронавирусот и потенцијалниот втор бран на заразата. До 1-ви октомври број на дневните зарази беше под 2.000.

Владата во средата објави нови мерки, воведе задолжително носење мерки на отворени простори и го продолжи вонредната состојба во земјата до 31-ви јануари.

Дополнителни ограничувања се можни на локални нивоа „каде што ќе биде потребно“, но нема да има ново национално затворање, соопшти заменичката министерка за здравство, Сандат Ѕампа.

Италијанскиот здравствен систем сега е многу помалку оптоварен отколку во март, кога Италија се бореше со недостиг од болнички кревети, респиратори и маски. Тоа го потврдува и податокот дека на одделите за интензивна нега 387 луѓе, а на крајот од март и почетокот на април имаше повеќе од 4.000 пациенти на овие оддели.