![Covid](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/koronavirus-italija.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Во Италија во вторникот бележи 628 смртни случаи како последица на компликации предизвикани од коронавирусот, соопшти во вторникот вечерта италијанското министерство здравство, што претставува пораст во однос на 415 од ден порано, а бројот на новозаразените се зголемил за 13.318 лица.
Со последните податоци, Италија од почетокото на епидемијата на коронавирусот во февруари досега забележала 1.977.318 коронаинфекции, а од последиците на заразата починале 69.842 луѓе, што е најголемата броја во Европа, а петта во светот.
Вториот бран на епидемијата во Италија забрзува со силен ритема во првата половина на ноември, и секој ден беа хоспитализирани се по илјада пациенти, од кои стотина на одделите за интензивна нега.
Во Италија во којашто е потврден засега еден случај на зараза со новиот многу позаразен сој на коронавирусот кој се појави во Велика Британија, од понеделникот на целата територија на земјата тапи на сила забраната за движење меѓу регионите.
Со овие мерки, коишто на сила ќе бидат во текот на божикните и новогодишните празници, цела Италија, без оглед на епидемиолошката состојба, ќе се смета за „црвена зона“. Тоа значи дека граѓаните нема да можат да ги напуштат своите домови освен во исклучителни случаи, но дури и тогаш со таканаречена потврда дека напуштањето е оправдано. Предвидените казни изнесуваат од 400 до 3.000 евра, и нема да биде уважувано никакво оправдување.
Во меѓувреме, на 28, 29, 30 и 4 декември, граѓаните ќе можат да се движат во границите на сопствената општина, а за да преминат во друга општина, ќе мора да имаат и валидно оправдување.